fbpx

Протести во Истанбул по убиството на про-курдскиот адвокат Тахир Елчи

-

Над 2.000 луѓе попладнево се собрале во центарот на Истанбул на протестти поради убиството на истакнатиот про-курдски адвокат Тахир Елчи, кој беше застрелан денеска во градот Дијарбекир, на југоистокот на Турција, јавуваат светските медиуми.

Бројот на демонстранти кои пристигаат во центарот на Истанбул, како што пренесува „Раша тудеј“ постојано се зголемува, а полицијата се обидува со солзавец и водени топови да ја растера толпата од плоштадот Таксим,

Адвокатот Такир Елчи беше убиен денеска за време на прес-конференција на која повикал на прекин на насилствата меѓу турските власти и припадниците на курдската работничка партија ПКК.

Според официјалните информации, Елчи загинал во престрелка меѓу полицијата и непознат напаѓа, но, од ПКК тврдат дека тој е жртва на атентат.

Во Дијарбекир е воведен полициски час за да се спречат евентуални протести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...