Промовирана нова лабораторија за квалитет на мазут

-

Министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи и в.д. директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска денеска ја промовираа новата лабораторија за испитување на квалитетот на горивата во рамки на Бирото за метрологија, соопшти Министерството за економија.

Инаку, ова не е првата лабораторија за контрола на квалитетот на горивата и на мазутот, оти таква веќе функционира во рамките на Природно-математичкиот факултет во Скопје, при компанијата „Макпетрол“, а пред речиси три години истиот министер промовираше и мобилна лабораторија. Горивата во општа употреба се нафтени деривати, исто како и мазутот, кој е тврд остаток од нафтената дестилација.

Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши денеска, „оваа нова лабораторија е опремена со автоматизирана опрема со седум мерни инструменти и екипирана е со стручен кадар обучен за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот. Опремувањето чини 24 милиони денари, а резултатите од анализите ќе се добиваат во кус временски период и во промет ќе се пуштаат само горива со проверен квалитет“.

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за хуманитарна помош...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за...