fbpx

Продолжен куќниот притвор на Савески и на уште двајца демонстранти за нови 30 дена

-

За нови 30 дена им е продолжен куќниот притвор на членот на президиумот на Левица, професорот Здравко Савески, и на уште двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје против одлуката за аболиција на функционери и на нивни блиски соработници што ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, објави „СДК“.

На Савески, Владимир Куновски, кој е член на Левица, и на Борјан Ефтимов, член на „Студентски пленум“, судот првично им одреди по осум дена куќен притвор.

„Ни го продолжија куќниот притвор за 30 дена, сметано од денеска. Браво, многу сте јаки“, објавил Савески попладнево на својот фејсбук-профил.

Според Кривичниот суд, пренесува „СДК“, Обвинителството поднело обвинителен предлог и предлог за продолжување на куќниот притвор против тројца демонстранти.

„Aболирани криминалци, товарени за тешки злодела се на слобода, додека студенти се затвораат поради нивната слободна мисла и барање да се врати правдата во државата“, стои во реакцијата на „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...