fbpx

Кривичен суд: На барање на СЈО, издадовме налог за претрес во домот на Крпач

-

Судија на претходна постапка, на почетокот на овој месец на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за претрес во домот на Коста Крпач, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1.

Оттаму додаваат дека од судот била издадена и наредба за одземање документи од Централниот регистар за две фирми, од кои на една, во одреден период, како сопственик се јавува Крпач.

„Во однос на прашања од медиуми упатени до судот во врска со лицето К.К., за тоа дали Основниот суд Скопје 1 – Скопје издал наредба за претрес за ова лице, одговорот ви го пренесуваме во целост: Во однос на вашите прашања ве информираме дека на почетокот на април 2016 година, од судија на претходна постапка од организиран криминал и корупција по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), издадена е наредба за претрес во домот на К.К., а претходно за правно лице чиј сопственик во одреден период е тој, односно по барање на СЈО, судија на претходна постапка има издадено и наредба за одземање документи од Централниот регистар од две фирми (меѓу кои за една во која во одреден период како сопственик се јавува К.К.), за што во јавноста беше лиферувана информација дека „Централниот регистер е под опсада“, а за што како суд, исто така, по барање на повеќе медиуми, објавивме и соопштение“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО.

Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. Од СЈО велат дека поседуваат „докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...