fbpx

Про-рускиот српски актер Милош Биковиќ исфрлен од серијата „Белиот лотос“, по критики од Украина

Изминатата недела, министерството за надворешни работи на Украина на социјалните мрежи директно го имаше прашано „Ејч-би-о“ дали сакаат да соработуваат со некој кој поддржува геноцид

-

„Ејч-би-о“ го отпушти српскиот актер Милош Биковиќ од третата сезона на познатата серија „Белиот лотос“, по бројни критики поради неговите про-руски ставови, известува Варајети.

Биковиќ, кој има руско државјанство од 2021 година, постираше на социјалните мрежи дека има „таргетирана“ кампања против него и дека неговото отпуштање може да постави опасен преседан за уметничката слобода. Тој сподели дека не посакува војна никому, особено како некој што израснал во Белград, кој бил бомбардиран кога тој имал 11 години.

Изминатата недела Министерството за надворешни работи на Украина објави видео на Х (поранешно Твитер), во кое се објаснуваат проблематичните ставови на Биковиќ. ВО истата објава, министерството директно го прашаа „Ејч-би-о“ дали сакаат да „работат со човек кој поддржува геноцид и го прекршува меѓународниот закон“.

Во видеото постирано од министерство за надворешни работи на Украина се потенцира оти Биковиќ има снимано филмови во Крим и дека смета дека Крим треба да е во Русија. Тој има добиено и орден од Путин. Во својата кариера има соработувано со Никита Михалков, режисер кој е тесно поврзан со режимот на Путин.

Актерот ја нема директно критикувано Русија околу нејзината инвазија во Украина. На пост на инстаграм ден по почетокот на војната тој изјави дека посакува „да нема војни“. Во интервју во 2022 година рекол дека се надева дека преговорите за мир ќе постигнат резултати, повторно не критикувајќи ја Русија директно. Според видеото постирано од украинското министерство за надворешни работи, тој рекол дека „Русија само се движи по својата траса, а светот го гледа како агресивен и непријателски процес“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...