fbpx

Приведено лице осудено на 10 години затвор за обид за убиство

-

Полицијата денеска го приведе Осман Б. (40) од село Мала Речица, Тетовско, баран врз основа на судска наредба за издржување правосилна затворска казна во траење од 10 години за обид за убиство. Заедно со Осман Б., приведени се и лицата С.М. (34) од Скопје, Б.З. (37) од село Мала Речица и И.С. (40) од село Мриковци, Скопско.

Имено, при влез во Република Македонија, на граничниот премин Долно Блаце, за гранична проверка со патничко моторно возило марка „пежо бипер“ со скопски регистарски таблички, сопственост и управувано од И.С., заедно со него се јавиле и неговите сопатници во возилото лицата С.М. и Б.З. При вршење на граничните проверки, кај полициските службеници се јавил сомнеж во врска со целта на патувањето. Тие со службено возило се упатиле во правец каде заминале лицата во „пежото“. Тројцата набргу со патничкото возило застанале на кратко во близина на угостителски објект и оттаму се упатиле кон Барди маало, што ги навело полициските службеници да се посомневаат дека лицата најверојатно имаат намера да преземат лице кое нелегално ја преминало државната граница. Возилото се упатило кон Барди маало и за неколку минути се вратило назад, каде било запрено од полициски службеници. Во возилото покрај лицата И.С., С.М. и Б.З. се наоѓал и Осман Б.

По приведувањето, дознаено е дека тие тројцата во Косово, односно на приштинскиот аеродром, го пречекале Осман Б., кој престојувал во Германија, а потоа оттаму го донеле до косовско-македонската граница, за тој да ја мине пеш, илегално, со договор да го чекаат на другата страна од границата. Осман Б. е предаден на полицијата за понатамошна постапка, а во консултација со дежурен јавен обвинител лицата И.С., С.М. и Б.З. се приведени, поради сомневање за сторено кривично дело „недозволено префрлање други лица преку границата на Република Македонија“.

Делото за кое е правосилно осуден Осман Б. се случило во јули 2000 година кога по расправија на браќата Џ.А. и Б.А. во село Мала Речица со трето лице поради наводување, дошол Осман Б., кој извадил пиштол и истрелал еден куршум со кој најпрво го повредил Џ.А. во главата, нанесувајќи му површинска рана, а потоа истиот куршум го погодил Б.А. во десната натколеница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...