fbpx

Прилепчани масовно аплицираат за работа во „Гентерм“

-

Само на првиот ден од прелиминарните интервјуа за работници во американскиот гигант од автомобилската индустрија „Гентерм“, кој ќе отвори фабрика во Прилеп, повеќе од 600 прилепчани доставија апликации за работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Изборот на работниците се одвива преку поединечни интервјуа.

Интервјуата на пријавените ги вршеа менаџери на „Гентерм“, кои своето претходно искуство го стекнале во кавадаречки „Дрекслмаер“. Паралелно со почетокот на изградбата на фабриката во технолошко-индустриската развојна зона Алинци, компанијата, исто така, изврши селекција по објавен конкурс на менаџерскиот кадар, т.е. раководни стручни лица потребни за производствениот процес, а избраните кандидати треба да се обучат во фабриката на „Гентерм“ во Украина.

По претходните најави, АВРМ – Прилеп ќе ја врши првичната селекција за вработувањата во „Гентерм“. До крајот на годинава, преку Центарот за вработување Прилеп се очекува да се реализираат околу 1.000 вработувања, а за наредната година се планирани уште 1.000.

„Гентерм“ е првата странска инвестиција во индустриската зона Алинци, каде ќе се произведуваат грејачи за волани, седишта за автомобили и друга опрема од автомобилската индустрија.

Б.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.