fbpx

Мариовско-мегленски културни средби по 31. пат

-

На 31 мај, во манастирот „Св. Илија“, село Витолиште, во организација и под покровителство на локалната самоуправа на Општина Прилеп, ќе се одржат 31. Мариовско-мегленски културни средби.

Со овие традиционални средби се негува фолклорното и културното наследство на регионите. На средбите ќе присуствуваат повеќе граѓани од Прилеп и од Македонија, локалното население, како и учесници со богата културно-уметничката програма. Целта и значењето на одржувањето на средбите е зближување на населението од двата региона на Мариово и на Меглен, средба на лица кои се иселиле од регионот, како и остварување на културна размена во пошироки рамки.

Покрај културно-уметничката програма, ќе се одржи и велосипедски настан со учество на велосипедисти од целата земја. Велосипедистите пристигнуваат претходниот ден и кампуваат во село Манастир, од каде ќе биде и официјалниот старт на трката в недела, на 31 мај.

Организаторите најавија тридневна забава. По пристигнувањето на гостите и по поставување на кампот, следува отварање на „Оутдор фестивал“ (Outdoor festival) со проекција на кратки филмови, изложба на фотографии, аеробик-забава со Бубало и богата музичка програма со диџеи.

Она што е особено значајно за овие средби е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовско како вонреден потенцијал со придобивките што ги нуди чистата животна средина.

Средбата ќе заврши со традиционален заеднички ручек во манастирот „Св. Илија“. Локалната самоуправа обезбедува и организиран бесплатен превоз за граѓаните, а тргнувањето е пред „Реклами“ на Булевар, во 8 часот.

Б.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...