fbpx

Премиерот на Пакистан ја откажа посетата на САД

-

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф ја откажа посетата во САД поради нападот во Лахоре, кој се случи во неделата и во кој загинаа 72 лица.

Шариф требаше да замине во Вашингтон, за да учествува на Четвртата светска средба на високите лидери за нуклеарна безбедност, која ќе се одржи на 31 март.

На средбата, пакистанската делегација ќе биде предводена од помошникот на претседателот по прашањето за надворешна политика Сејед Тарик Фатеми.

Во неделата бомбаш – самоубиец се разнесе во еден од парковите на Лахоре, близу до детски објекти за забава.

Во нападот загинаа 72 лице, а повеќе од 300 се ранети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...