fbpx

Пратениците од Источна Македонија, ретко на собраниската говорница

-

Избраните пратеници од Источна Македонија, односно од изборната единица број три, во Собранието настапувале блоковски, односно, онака како што ќе каже партијата, а не според сопственото видување.

Ова го покажала анализата на Институтот за демократија, која денеска беше презентирана во Штип.

Во аналзираните 2.000 говори на пленарни седници и на собраниски комисии, доминарале десетминутни говори на пратениците од владејачкото мнозинство, во отсуство на опозициските пратеници. Притоа, само еден пратеник се спротиставил во текот на дискусијата и признал дека неговиот колега од друга политичка опција е во право.

– Пратениците од источниот регион учествувале со 15 проценти од сите дискусии и се на четврто место по активност. Најактивни биле пратениците од изборната единица број четири – изјави Јане Димовски од Институтот за демократија.

Анализата од проектот „Собранието под лупа“, за периодот од јуни 2014 година до мај годинава, покажала дека жените пратенички се лидери во контрареплики и во реплики, додека мажите пратеници се држеле до говорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...