fbpx

Пост-корона ваучери: Угостители на иновативен начин се справуваат со кризата

-

Следејќи го примерот на развиените земји каде бројни локали пронајдоа иновативни решенија за да ја преживеат корона кризата, дел од македонските угостители се обидоа самите да си помогнат себеси во пребродувањето на финансискиот удар. Во име на верната соработка и довербата што ја имаат воспоставено со гостите во нивните објекти, некои угостители започнаа акција на социјалните мрежи за продавање на ваучери кои посетителите можат да ги искористат во нивните објекти откако ќе помине епидемијата од Ковид-19.

Еден ваков пример е „Рустикана“ од Скопје, која веќе започна продажба на ваучери за нивните гости, кои можат да се купат сега, а да се искористат откога ќе почнат со работа. Ваучерите имаат вредност од 500 и 1.000 денари, а можат да се набават по цена од 400 и 800 денари, со што посетителите во иднина добиваат намалување од 20 отсто на нивната сметка. Купувањето на ваучерите се договара преку пораки на „Фејсбук“.

– Една работа која во моментов можеме да ја направиме е да си помогнеме едни на други – порачуваат од „Рустикана“.

Овој угостителски објект не е единствениот во земјава којшто се обидува да опстане во периодот на бројните забрани за движење на граѓаните. Некои ресторани во Скопје почнаа да работат преку фирмите за достава, како би можеле да ги услужат нивните корисници на домашна адреса. Дел од угостителските објекти го реорганизираа и начинот на нивна работа, така што и самите вработени почнаа да вршат достава на производите до домовите на нивните муштерии.

„Мета.мк“ и „Порталб.мк“ веќе пишуваа за кампањата, која што на крајот на минатиот месец ја започна професорот Хасим Деари од Гостивар. Тој се одлучи средствата што редовно ги одвојувал за двете кафиња, кои вообичаено секојдневно ги пиел во угостителските објекти во неговиот град, да ги подари на келнерите.

Ваквите примери за реорганизација на работењето, во име на преживување на корона кризата, доаѓаат во период кога некои угостители групирани во стопанските комори се заканија дека ќе ги отпуштат нивните вработени, изнесувајќи неофицијални бројки од близу 15.000 лица. Од Туристичко-угостителската комора денеска изјавија дека оствариле конструктивна средба со министрите за финансии и економија, напоменувајќи дека нови предлози за помош на нивниот сектор ќе достават до владата во понеделник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...