fbpx

Порошенко: Русија не спроведе ништо од договорот од Минск

-

Русија не спроведе ништо од договорот од Минск, потпишан на 12 февруари, изјави украинскиот претседател, Петро Порошенко, обвинувајќи ја официјална Москва дека продолжува да испраќа луѓе и пари на терористите од Донбас, на истокот во Украина.

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, Порошенко рекол дека е подготвен за дијалог, но дека Москва не направила ништо по прашањето за прекинот на огнот, повлекувањето на тешката артилерија, ослободување на заробениците и дозволување присуство на инспекторите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во зоните на конфликтот.

– Нашиот парламент го разгледува законот за организирање локални избори во тие области (Донбас). Подготвени сме да ги обновиме уништените градови и села. Подготвени сме да го закрепнеме банкарскиот систем – рекол Порошенко.

Тој додал дека тоа не може да се направи сè додека бандити наоружани со калашникови ги застануваат конвоите со хуманитарна помош.

Според Порошенко, европските санкции се неопходни сè додека Русија не ги повлече своите сили од Украина.

Примирјето на истокот на Украина е воведено на 15 февруари, по потпишувањето на мировниот договор во Минск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...