fbpx

Поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу, во посета на Македонија

-

Поранешниот премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу, од утре до 29 септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Давутоглу ќе има средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, и со премиерот Зоран Заев.

Давутоглу на 28 септември ќе се обрати на панел-дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.

На најавената панел-дискусија ќе говорат Илија Димовски, координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Муедин Ристеми, поранешен амбасадор на Република Македонија во Република Турција, Есер Џевахир, член на управниот одбор на „Џевахир холдинг“ и пратеникот Стево Пендаровски.

Функцијата премиер на Турција, Давутоглу ја извршуваше од 29 август 2014 година, откако Реџеп Таип Ердоган беше избран за претседател на Турција, до 5 мај 2016 година, кога се повлече од позицијата. Претходно, од 2009 до 2014 година беше министер за надворешни работи на Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...