fbpx

Попоски: Изборите ќе се одржат на 5 јуни

-

По средбата на лидерите на партиите од коалицијата За подобра Македонија, Никола Попоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека изборите ќе се одржат на 5 јуни, како што е предвидено со распуштањето на Собранието.

Како што рече Попоски, на средбата се разговарало отворено и продуктивно, а темата била заедничкиот настап на изборите. Поповски најави и дека програмата се финализирала и ќе биде готова и промовирана за неколку дена.

„Во овој период се разбира и дека дискутираме околу охрабрувањето на сите политички актери да учествуваат на еден конструктивен начин во оваа кампања која е многу значајна за Македонија. Се разбира дека секој ја носи одговорноста за своите одлуки во делот на упатувањето на вистинските пораки до гласачите, кои конечно ја имаат одлуката околу иднината на Македонија“,  рече Попоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Попоски рече дека нема и нема да има никаква дискусија околу датумот на изборите, кој е одлучен од Собранието на РМ и загарантиран со Устав и со закон.

„Се разбира дека секој политички чинител во Македонија има услови и избор да учествува или да не учествува на избори, воедно со одлуката ги носи и сите последици кои одат со тоа, многу е јасно дека само со учество на изборите може да се учествува во градењето на политиките. Така е во која било држава и кој било што верува во функционирање на демократска земја мора да учествува на избори и на тој начин да се избори за своите позиции“, рече Попоски.

На новинарско прашање дали коалицијата ќе остане на својот став да има избори на 5 јуни иако ДИК се изјасни дека не е прочистен избирачкиот список, Попоски одговори дека ДИК е институција која оперативно ги спроведува изборите, а Владата е расположена да помогне во кој било сегмент.

– Крајната одговорност ја носат институциите во РМ и не треба да оставаме никаво размислување дали може или не може, описот на работните задачи е да спроведе избори – рече Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...