fbpx

ПОПГМ ги повика граѓаните на смиреност и на промислено однесување

-

По одлуката на претседателот Иванов да не му го додели мандатот за составување влада на Зоран Заев, Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) се огласи со апел до граѓаните на Република Македонија, повикувајќи ги на промислено однесување и на трпеливост.

Тие укажуваат дека претседателот Ѓорге Иванов безобѕирно го погазил Уставот и „избришал“ повеќе од 612.000 граѓани на сопствената држава.

„Со ова Иванов безобѕирно го погази Уставот и своите уставни обврски и продолжи со недржавничкото и поданичко однесување кон менторот, за да го заштити од кривичен прогон. ПОПГМ укажува дека образложението на ваквата неуставна одлука, која е обид на „менторот“ за лицемерна манипулација на граѓаните, носи огромен ризик за стабилноста и за безбедноста на Република Македонија. Го повикуваме Иванов, ако има барем малку доблест, човечко достоинство и почит кон сопствената држава и народ, веднаш да ја промени одлуката и да ја исполни својата уставна обврска, така што безусловно, согласно со Уставот, ќе го додели мандатот“ додаваат од ПОПГМ.

Според нив, само граѓаните се гарант за надминување на оваа криза, наметната од поединци и од политички врхушки кои Република Македонија ја држат во заложништво повеќе од 10 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...