fbpx

И Авировиќ замина од судот без да даде изјава

-

Василије Авировиќ, како и Сеад Кочан, на распитот во Кривичниот суд помина три часа. Тој потоа го напушти судот од главниот влез и набрзина замина.

Авировиќ, со Кочан и со уште едно лице, е осомничен во случајот „Труст“ што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го отвори во вторникот.

Со оглед дека и Кочан и Авировиќ слободно излегоа од судот, најверојатно судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, не го прифатил барањето на СЈО за притвор. Од судот велат дека решението со одлуката најпрвин ќе биде доставено до осомничените и до обвинителите на СЈО, а потоа ќе биде објавено.

Случајот „Труст“, инаку, е за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани, а притвор беше побаран за раководителите на „Трансмет“ и на „Силекс“, односно Кочан и Авировиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...