fbpx

Полицијата спречи средба на двете групи демонстранти во Штип

-

Речиси во исто време во центарот на Штип тргнаа две групи демонстранти.

Првата од пред зградата на Основниот суд, со извиците „Оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Затвор за криминалците“, преку Трговскиот центар се упати кон општинската зграда.

Попатно им се придружуваа минувачи, со што се зголемуваше бројот на демонстранти. Тие бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и сметаат дека со одлуката за аболиција, Македонија би се претворила во анархија. Граѓаните јавно прашауваат дали судовите во оваа земја се само за обичните граѓани.

Во еден момент поворката одлучи да ја промени маршутата на движење, меѓутоа полицијата ги спречи, бидејќи една улица подолу се движеше другата група демонстранти, организирани од ГДОМ.

Оваа група иако најави дека протестот ќе го почне во 19 часот, тргна во исто време како и демонстрантите на „Протестирам“.

Групата се собираше пред Домот на културата и, како што најави, по маршот во центарот на градот, ќе се врати повторно пред Домот.

Пред почетокот на протестот, граѓаните изјавија дека се револтирани од одлуката на претседателот Иванов за аболиција. Двете групи засега успеаја да избегнат поблиски средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...