fbpx

Со извиците „Оставка, оставка“, почна протестот пред СЈО

-

Точно во 18 часот, граѓаните ја блокираа улицата пред Специјалното јавно обвинителство и го почнаа денешниот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси.

Демонстрантите, кои во сè поголем број се собираат пред СЈО, носат транспаренти со ликот на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на кои пишува „Но пасаран“, со кои алудираат на нејзиниот одговор за аболицијата од Иванов.

Граѓаните извикуваат „Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“ и „Никола на робија“.

Од пред СЈО демонстрантите протестот ќе го продолжат пред Собранието на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...