fbpx

Полицијата приведе кумановец за случајот со фотографиите од лавчето Симба

-

По веста која ја објави Мета дека кумановци во скапи автомобили и луксузни вили го шетаат лавчето Симба полицијата приведе едно лице против кое е поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно.

„На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик“, се вели во одговорот што го доби Мета од Министерството за внатрешни работи.

Од таму информираат дека по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава.

Според МВР во врска со случајот со лавчето Симба се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување, но Мета сѐ уште не доби одговор каде се наоѓа Симба во моментов.

Според наведениот член во кривичниот законик предвидена е парична казна или затворска казна до шест месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средното стручно образование станува сè попопуларно, најголем е интересот за компјутерски техничари

Средното стручно образование станува сè поатрактивно. Тоа го покажува и годинашниот прв уписен рок кој заврши денеска во 15 часот, а според добиените пријави, многу училишта нема да имаат...