fbpx

Поевтинуваат горивата – Еуросупер БС-98 за еден денар, Еуросупер БС-95 и дизелот за половина денар

-

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска се намалува за половина денар по литар, додека Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за еден денар по литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од полноќ на бензинските станици низ земјава Еуросупер БС-95 ќе се продава за 108,5 денари по литар, а Еуросупер БС-98 ќе чини 110,5 денари за литар. Цената на дизелот ќе изнесува 103,5 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 102 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,422 денари за килограм и од полноќ ќе изнесува 53,727 денари по килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,201 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,86 отсто, кај дизелот за 1,39 отсто, кај екстра лесното масло за 1,407 отсто, а кај мазутот има зголемување за 0,959 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...