fbpx

Подобар пристап до финансии за домашните компании, побараа бизнисмените од Владата

-

Владата треба повеќе да се посвети кон преземање конкретни мерки насочени кон домашните производители, со што ќе се овозможи зголемување на домашната понуда, намалување на невработеноста и пораст на извозот.

Ова денеска на прес-конференција го кажа претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Неби Хоџа.

Од Комората денеска побараа да се подобри пристапот до финансии за домашните компании преку пониски каматни стапки и да се искористат грантовите, да се направи деполитизација на државните институции и што поскоро да се спроведат судските реформи за да се врати владеењето на правото.

Осврнувајќи се на работењето на новата влада во изминатите 100 дена, Хоџа кажа дека ја поддржуваат владината мерка за зголемување на минималната плата, но оти мерката за субвенциониран одмор за работниците со ниски приходи не е економска, туку социјална мерка. Комората го поддржува и субвенционирањето на неколку сектори, но бара внимателен пристап и транспаретност од Владата при распределбата на средствата.

Според СКСЗМ, приоритет треба да биде решавање на инфраструктурните проблеми кон индустриската зона Визбегово и автопатот кон Косово.

Во однос на повратот на данокот на додадена вредност (ДДВ), од Комората истакнаа дека по промената на власта, сменет е концептот и сега нема селективен пристап при повратот како претходно. 

СКСЗМ оценува дека макроекономските показатели не се задоволителни за бизнис-секторот, имајќи предвид дека во вториот квартал е остварен пад на БДП од 1,8 отсто, а во првиот квартал не е забележано поместување. Задоволни ќе бидат доколку годинава се постигне пораст од 0,7 до 1 процент од БДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...