fbpx

Почнуваат годинешните Струшките вечери на поезијата

-

Со првата манифестација – работилницата за деца, насловена: „Како настанува книга“, која ќе се одржи на летната сцена во „Домот на поезијата“, како и во Паркот на поезијата, денеска во поетска Струга практично почнува светскиот поетски фестивал – Струшките вечери на поезијата.

Официјалното, свечено отворање, на Фестивалот ќе се случи во среда, на 26-ти август со читање на Константиновата „Т`га за југ“, додека поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис.

Вечерва во 20:00 часот ќе биде отворен саемот на книга, а во 20:30 часот и Неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата. Од 21:00 часот ќе се прикажуваат проекции на поетски филмови во соработка со фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин. Меѓу другото ќе биде промовиран и документарецот „Звуците на Ариранг“ посветен на Ко Ун, добитникот на Златниот венец во 2014 година.

На годинешните Струшки вечери на поезијата, ќе учествуваат повеќе од 40 поети од 25 земји во светот, информираше директорот фестивалот, Мите Стефоски.

Учество најавија познати имиња во современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија и од други земји. На денешната средба со новинарите, Стефоски истакна дека покрај традиционалното отворање на фестивалот со читање на „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис.

– СВП ќе ги отвори Адонис со поетско послание. Ден претходно неговата поезија ќе биде претставена на посебно изградена сцена во близина на плажата „Галеб“. Тоа ќе биде поимпознантна сцена, која ќе биде користена и за „Ноќите без интерпункција“, за програмата „Кругови“ и за поетските портрети – рече Стефоски.

Покрај поетските читања во Струга и Охрид, годинава за прв пат поетите ќе имаат можност да ја претстават својата поезија и во Ресен, Битола и Скопје, а новина се и поетските портрети, каде неколку значајни имиња ќе се претстават со поетско читање.

Традиционално на затворањето на манифестацијата „Мостови“ ќе бидат врачени наградите „Златен венец“ на кинескиот лауреат Беи Дао, „Мостови на Струга“ – за дебитантска поетска книга на млад странски автор, на Паола Бозалонго од Шпанија и на македонскиот поет кој ќе ја доби наградата „Браќа Миладиновци“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...