fbpx

Починати три лица, 36 нови заболени, вкупната бројка на заразени од корона вирусот е 1.117

-

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85  и 77 години.

Во евиденцијата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата „Филип Втори“, а бил позитивен на корона вирусот. Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

„Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, двајца од болницата во Дебар, а регистрирани се и пет оздравени пациенти од Кочани и Скопје, кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.117.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 389, Куманово – 310, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –103, Тетово – 48, Струга – 53, Велес – 43,  Битола –16, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2.

Во изминатото деноноќие направени се 437 теста, досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се пет нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54, 18 пациенти се на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, од нив еден веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно седум пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат осум пациенти позитвини на Ковид-19, од кои три лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се две лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од седум пациенти, двајца се хоспитализирани и пет кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани осум, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...