fbpx

По самитот со Бајден, користејќи ги пандите, Кина ќе ја применува својата „мека моќ“

Кинескиот претседател рече оти неговата земја е подготвена да даде неколку панди на американски зоолошки градини. Пандите се своевиден симбол за пријателство меѓу двете земји низ годините

-

По неговата средба со американскиот претседател Џо Бајден, претседателот на Кина, Сји Ѓинпинг во својот говор пред проминентни бизнисмени изјави дека Кина е подготвена да даде неколку панди на американски зоолошки градини, известува Гардијан.

Изјавата на Сји доаѓа само една недела откако стигна вест дека три панди од зоолошката во Вашингтон ќе се вратат во Кина.

Пандите се своевиден симбол за пријателство меѓу двете земји низ годините. Во 1972 година Кина првпат ѝ дала на зоолошката градина во Вашингтон неколку панди на заем, со цел дел од парите заработени од зоолошката да се вратат во Кина за да се инвестираат во фондови за зачувување на пандите. Дополнително, донирањето панди означувало отворање на дипломатските односи меѓу двете земји.

Сји е во Сан Фрациско на самит на лидери од југоисточна Азија, каде се сретна со Бајден. Двајцата претседатели ветија дека ќе работат на подобрувањето на односите меѓу земјите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...