fbpx

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи цел викенд

Работното време оваа сабота и недела на овој пункт е од 8 до 16 часот, а граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи таму, тоа можат да го направат без претходно закажување

-

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и утре и задутре, односно за време на целиот викенд, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Работното време оваа сабота и недела на пунктот е од 8 до 16 часот, а граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи таму, тоа можат да го направат без претходно закажување.

Претходно неделава, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во новоотворениот пункт во ПС „Пролет“, процедурата за промена на личните документи во еден ден ќе може да ја поминат по околу 1.000 лица.

Овој пункт беше отворен со цел во определениот законски рок до 12 февруари 2024 година, граѓаните да ја направат промената на личните документи со Република Северна Македонија – задолжителна обврска којашто произлезе од Преспанскиот договор потпишан со Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...