fbpx

По директорската битка и по труењето, сега и штрајк на наставниците во ОУ „11 Октовмри“

-

Наставниците во основното училиште „11 Октмври“ од денеска стапија во штрајк и не им држат настава на учениците бидејќи немаат земено плата. Ова било одлучено на состанокот на наставничкиот совет одржан вчера и потвредено на уште еден состанок одржан утринава.

Иако наставниците штрајкуваат, тие сепак ги згрижуваат децата, но не им држат настава.

– Седиме на часови со наставниците, но тие не ни држат настава. Цртаме и правиме кули од карти. Наставникот ни рече дека подоцна ќе ни соопштат зошто не ни предаваат – велат ученици од шесто одделение.

Директорката која има регистриран потпис во Централниот ргистер, Даниела Костадинова, вели дека иако е на боледување, таа навреме „ја потпишала“ платата.

– Имав оперативен зафат и на боледување сум од минатата недела. Платата ја потпишав навреме, а зошто Општина Центар не ја префрлила, не можам да кажам. И покрај решението на Второстепената комисија, на 16 ноември бев разрешена без образложение за да се направи хаос во училиштето на денот кога требаше да се потпише платата. Жерновски на местото директор го стави Васко Лазаревски со мандат од 10 месеци. Во тек е процедурата за повторна жалба во Второстепена комисија – вели Костадинова.

Од Општина Центар велат дека доколку наставниците од „11 Октомври“ излезат на штрајк, градоначалникот Андреј Жерновски и соработниците први ќе ги поддржат.

„Општина Центар во целост го разбира незадоволството на вработените во основното училиште „11 Октомври“, кои ја немаат примено октомвриската плата. Сакаме да ги информираме дека Општината навреме и целосно ја исполни својата обврска за да можат вработените во училиштето да добијат плата. Во вторникот, откако по налог на в.д. директорот Васко Лазаревски, Даниела Костадинова го потпиша документот за плати и беше доставен во Општина Центар, надлежните во секторот за финансии веднаш ги подготвија сите документи и ги доставија до Министерството за образование. Зошто личниот доход не им е исплатен на вработените, можеме само да претпоставиме“, велат од Општина Центар.

Училиштето веќе неколку месеци има двајца директори. Директорката Даниела Костадинова беше разрешена од директорската функција по случајот со труењето на 100 ученици во септември, по што градоначалникот на Општина Центар за в.д. директор го именуваше Васко Лазаревски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...