fbpx

„Платформа за Македонија“: Институциите се делегитимирани и урнисани

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со претседателите на партиите и претставниците на здруженијата коишто заеднички застанаа зад „Платформата за демократска Македонија“.

Потписниците на Платформата разговараа за актуелната политичка состојба во земјава и заклучија дека цврсто останува во одбрана на демократските принципи и ќе продолжи заеднички да делува за враќање на слободата, правдата и демократијата.

„Заеднички беше оценето дека општеството се наоѓа во заложништво на криминалната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ. Институциите се делегитимирани и урнисани. Потребно е враќање на правдата и уставниот поредок. Ослободувањето на државните инситутции и нивно возобновување се клучен предуслов за демонтирање на криминалниот систем којшто ја зароби државата. Селективна правда е неправда. Основно демократско начело е сите граѓани да бидат еднакви пред законите и тоа мора да се обезбеди. Затоа целосно поништување на незаконската и противуставна одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција мора да случи“, стои во соопштението.

Принципите договорени во Пржино, се вели во соопштението од „Платформата за демократска Македонија“ како што се владеењето на правото и создавањето на сите неопходни услови за слободни, фер и кредибилни избори се рамка за можни решенија.

„Демократска Македонија предводена од СДСМ и Зоран Заев нема да дозволи никој да ја држи иднината на земјата во заложништво. Слободата, демократијата и правдата се темели на секое здраво општество и предуслов за нормален живот и заедно со граѓаните ќе се избориме за тоа“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...