Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се 5 нови случаи на ковид-19: Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1.

Регистрирани се 86 оздравени пациент од: Скопје – 31, Куманово и Прилеп – по 12, Тетово – 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 3, Крива Паланка, Демир Хисар и Кратово – по 2, Велес, Кичево и Виница – по 1. Пријавено е 1 починато лице од Виница (76г) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.