fbpx

Пентагон: „Исламска држава“ повторно се враќа во Сирија

-

Според еден интерен извештај на Министерство за одбрана на САД, терористичката организација „Исламска држава“ (ИД) работи на тоа да поврати територии и влијание во Сирија, пишува францускиот весник „Ле Монд“, кој го видел извештајот.

Генералниот инспектор на Пентагон во извештајот вчера предупредил дека „иако ,Калифатот’ ја изгубил својата територија, има капацитети за бунт во Ирак и ги обновил своите активности во Сирија овој период“.

Во извештајот натаму се наведува дека „Исламска држава“ успеала да „се прегрупира и да изведува операции во двете земји, бидејќи локалните групи не биле способни да ја сочуваат територијата освоена од оваа терористичка организација.

На крајот на 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп објави целосна победа над ИД. Тој исто така ги повлече мнозинството американски трупи кои дејствуваа во Сирија.

Сириските Демократски сили (СДФ) го предупредија американскиот претседател дека битката не е завршена, и напуштањето на американските сили од земјата не била добра идеја. СДФ претставува еден вид соработка на силите поддржани од Западот, од Слободната сириска армија и од Сириските курдски борци.

Експерти за ИД, како Хасан Хасан, директор на програмата за недржавни чинители во Центарот за глобална политика, предвидуваат дека „Исламска држава“ повторно ќе се врати во Сирија, исто како што тоа го направија Талибанците откако беа истерани од Кабул во 2001 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...