fbpx

Пендаровски: СДСМ нема да оди на избори само заради избори!

-

„Најмалку тројца членови од сегашниот состав на ДИК се под кривичен прогон на Специјалното јавно обвинителство. Тие што се под прогон на СЈО сега поднесуваат кривични пријави против јавните обвинители, кои со месеци беа опструирани и сатанизирани. Како може да се говори за избори на 24 апри? Ние на избори, само заради избори, нема да одиме“, дециден е Стево Пендароски, претседателски кандидат на СДСМ на претходните избори, кој денеска беше во Охрид.

Република Македонија, вели Пендаровски, ни случајно не смее да си дозволи таков луксуз да оди на избори на 24 април затоа што не се обезбедени ниту елементарните услови за фер соочување.

Пендароски, сепак, во наредниве неколку денови очекува да се случат решенија од особена важност за иднината на Република Македонија.

– Законската рамка за медиумите ја немаме ниту по осум месеци од договорениот рок. Избирачкиот список не е ниту почнато да се прочистува. Ако некој сака да оди на избори без да се создадат минимални претпоставки за рамноправен медиумски третман, тоа е негов проблем. За СДСМ е тоа неприфатливо – додава Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...