fbpx

Хан: Затворањето на македонската граница ќе се одрази на спорот за името

-

Ако настанат тензии на границата на Македонија и на Грција поради бегалската криза, тоа веројатно ќе се одрази и на проблемот за името, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната конференција во Брисел, насловена „Балкански партнерства – Зајакнување на врските во регионот“.

– Не потценувајте ја внатрешно-политичка криза што треба да се надмине во ПЈР Македонија. Една од причините зошто ситуацијата во земјата е таква е и тоа што Скопје има кандидатски статус од 2005 година и тој никогаш не беше унапреден во преговори. Познато е и прашањето за името и гледаме дека новата грчка влада е поотворена да работи на можно решение и јас го поддржувам тоа. Стравот е дека ако има големи тензии меѓу земјите поради границата, тоа може да има влијание на многу неодамнешни активности за надминување на политичкиот застој што трае со години. Затоа, особено како комесар за проширување, јас имам интерес ова да остане одржлива граница – посочи Хан.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...