fbpx

Отворена изложба на икони од Охрид во понтификалниот универзитет „Урбаниана“ во Рим

-

Во просториите на понтификалниот универзитет Урбаниана во Рим (Via Urbano VIII, 16), синоќа, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ и по повод одбележувањето на Денот на светите браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј, беше отворена изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“.

Со оваа изложба, во организација на Н.У. „Завод и Музеј“ од Охрид, се одбележуваат два исклучително значајни јубилеи: 1.130-годишнината од доаѓањето на Свети Климент во Охрид и 1.100. годишнината од неговото упокојување.

На изложбата се поставени фреско-копии со ликот на Свети Климент од црквите во Македонија, дел од Косово и Србија и фотографии од неговите мошти.

Вкупно се изложени 38 дела, сопственост на „Завод и музеј“ од Охрид, од „Музејот на Македонија“ и икони од колекцијата на Галеријата во Охрид.

– Најстарата икона која воопшто е најстарата икона со претстава на ликот со Свети Климент Охридски е од 13-тиот век, како впрочем што е и дрвената резба. Тоа се двете најстари икони со претстави на Свети Климент. И една од фреско копиите е исто така една од најстарите – рече Милчо Георгиевски, историчар на уметност и кустос во охридскиот „Завод и Mузеј“.

Георгиевски додаде дека пред публиката се презентирани 18 фреско-копии со ликот на Свети Климент Охридски од црквите во Македонија, Србија и Косово, 5 икони од XIII-XIX век, како и 15 фотографии од цркви каде што се чуваат, или во одредени историски периоди престојувале неговите мошти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...