fbpx

Откриени нови 905 случаи на ковид-19, регистрирани 18 смртни случаи

-

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.808 тестови за ковид-19, а регистрирани се 905 нови случаи на ковид-19. Од нив 468 случаи се од Скопје.

Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции.

Во истиот временски период, регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти, како и 10 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г). Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.862.041 тестирања за ковид-19, а бројката на регистрирани случаи изнесува 291.820. Бројот на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата е 274.808, на починати е 8.869, а бројот на активни случаи изнесува 8.143.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...