fbpx

Орбан: Цел свет треба да го понесе товарот со бегалците

-

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека целиот свет треба да го сподели товарот со сместувањето на бегалците и на мигрантите.

Орбан остро се спротистави на квотите за прифаќање мигранти во рамки на ЕУ, но рече дека глобалната квота ќе биде меѓу шесте предлози што ќе ги претстави пред лидерите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел.

– Целиот свет би требало да се вклучи во решавањето на оваа бегалска криза, односно мигрантската криза или, како што ние Унгарците ја нарекуваме, преселбата на народите – рече Орбан, притоа повторувајќи дека ЕУ треба да ѝ помогне на Грција да си ги заштити своите граници за да го спречи приливот на мигранти на европскиот континент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...