fbpx

Општините ги очекуваат фондовите за прекугранична соработка

-

Малку порано од најавеното ќе биде објавен првиот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Општините и невладиниот сектор од двете страни на границата побараа забрзување на постапката на приоритизирање на програмата за периодот 2015-2020 година. За оваа програма се предвиени 19 милиони евра од европските фондови на ЕУ преку Програмата за меѓугранична соработака.

На овие пари се надеваат пред сè општините од Источниот и Североисточниот плански регион. Неофицијално, паднала политичка одлука овие фондови, главно, да завршат кај општините и нивните проекти, што предизвика незадоволство кај граѓанскиот сектор.

Градоначалниците изминатите денови имаа средба, на која беа информирани за тоа со какви проекти ќе можат да конкурираат на четирите повици за животна среднина. Приоритетни области на првиот повик се климатските промени, туризмот, поддршка за изработка на техничка документација и за соработка со бизнис-заедницата и отворање нови работни места. Процентуално, најмногу пари, 46проценти, се предвидени за развојот на туризмот. Општините се надеваат на европски пари од програмата за климатските промени, кои би ги искористиле за санирање на последиците од последните поплави што го зафатија Источниот регион.

Делегацијата на Европската комисија од Скопје, за крајот на март го најави повикот за проекти од програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Три милиони евра се предвидени за оваа програма, каде приоритети се туризмот и културното и природното богатство, унапредување на бизнисот и на трговските врски и заштита на животната средина, прилагодување кон климатските промени, миграциите, превенција од ризици и менаџмент.

Општините се принудени да се свртат кон европските фондови за прекугранична соработка. Според градоначалниците, минимални се развојните средства што доаѓаат од државата. Доказ за тоа каков е третманот на централната власт кон општините е фактот дека Министерството за локална самоуправа има дури 40 пати помал буџет од МВР и има најмал буџет од сите останати.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема докази дека Зеленски купил вила од британскиот крал Чарлс Трети за 20 милиони долари

EUvsDisinfo пишува дека, „ниту еден сериозен медиум не објави за ова неосновано тврдење, кое се ширеше исклучиво од про-Кремљ профили и сметки на социјалните мрежи“.  Единствениот извор за оваа...