Варварски чин, терористички акт, беше категоричен Франсоа Оланд во обраќањето до новинарите пред влезот на неделникот, каде изутринава беше извршен терористички напад во кој загинаа 12 лица.
– Новинари и полицајци беа кукавички убиени. Напаѓачите ќе бидат ловени сè додека е потребно за да бидат уапсени и изнесени пред судиите и осудени – нагласи шефот на француската држава.
Според Франсоа Оланд, повеќе терористички напади кои биле во план биле откриени изминативе недели во Франција.
– Ние знаевме дека има закана, како и за другите земји во светот – рече Оланд.