fbpx

Охридските советници го усвоија Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина

-

Советот на општина Охрид на вчерашната седница ја усвои информацијата за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина. Овој стратешки документ, заедно со законската регулатива во оваа област, ќе претставува инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина.

Иницијален чекор во процесот на интегрирано управување со животната средина претставува обезбедување на сознанија за емисиите во медиумите на животната средина: воздух, вода и почва и истите да се систематизираат преку изработка на Катастар на животната средина, којшто претставува основа за следење на индикаторите за квалитетот на воздухот, водите и почвата.

Исто така, Катастарот на животната средина претставува референтна точка при спроведувањето на анализа на ефектите од преземените мерки за подобрување на квалитетот на животната средина.

Усвојувањето на Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина во Охрид доаѓа во период кога владата го подготвува Извештајот за степенот на исполнетост на препораките дадени од Реактивната мисија на УНЕСКО, којшто треба да биде доставен до УНЕСКО на почетокот на 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...