fbpx

Ограбен стан во населбата Капиштец

-

Непознат сторител ноќеска провалил во стан во скопската населба Капиштец, во кој привремено живеел државјанин на Турција, и украл 300 евра, златен накит, рачни часовници и парфеми, сè со вкупна вредност од околу 330.000 денари, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, крадецот во станот влегол преку балконот од мезанинот, а потоа се прекачил на балконот од дневната соба на станот и насилно ја отворил вратата.

Полицијата извршила увид, но засега нема осомничен за тешката кражба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...