fbpx

Односите меѓу Русија и САД се влошени откако Трамп е претседател, оцени Путин

-

Нивото на доверба меѓу Москва и Вашингтон е влошено откако Доналд Трамп ја презеде должноста претседател на САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Може да се рече дека нивото на доверба, на работно, особено на воено ниво не е подобрено, туку влошено – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање за односите со САД откако Трамп станал претседател.

На прашањето за обвиненијата дека сириската влада извршила напад со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, Путин рекол дека верува оти постојат две објаснувања: дека при воздушните напади на сириската војска се погодени складишта на бунтовниците со хемиско оружје, по што дошло до ослободување на отровниот гас, или дека инцидентот бил наместен за да се дискредитира сириската влада.

Во Москва денеска престојува американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе разговара за ситуацијата во Сирија, за која САД и Русија имаат различни ставови.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...