fbpx

„Мост“: Минатиот парламентарен состав ѝ бил подреден на Владата

-

Пратениците од минатиот состав на Собранието во 2016 година биле подредени на Владата, посочува првиот извештај од надзорот на работата на Собранието на Република Македонија од проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ на граѓанската асоцијација „Мост“.

Од 365 постапки за донесување закони во Собранието на Република Македонија во претходниот парламентарен состав, во периодот од почетокот на 2016 година до распуштањето на 17 октомври, Владата била предлагач на дури 93 отсто од донесените закони и дури 70 отсто од нив биле донесени по скратена постапка, посочи извршниот директор на „Мост“, Дарко Алексов.

Вкупно 48 закони, односно 7 отсто од вкупниот број, пак, биле предложени од вкупно 61 пратеник, а биле донесени 25. Неприфатливи биле 17 закони поднесени од пратеници, не бил донесен 1 закон, а повлечени биле 5 закони.

„Фактот што само 7 отсто од вкупниот број донесени закони се предложени од пратеници, и тоа исклучиво од владејачкото мнозинство (освен законите донесени како резултат на Договорот од Пржино), укажува дека Собранието било подредено на извршната власт, односно дека Владата индиректно ја вршела и законодавната функција“, се вели во извештајот на „Мост“.

Речиси половината од законите, односно 156, се донесени во февруари лани, при што на 23 февруари биле донесени дури 40 закони по скратенa постапка и 1 закон по итна постапка. Од сите закони, 27 отсто биле измени на закони кои веќе биле донесени и изменети во 2016 година.

Во поглед на работата на комисиите на Собранието, во периодот од 1 јануари до 17 октомври 2016 година биле одржани само две јавни расправи по предлог-закон и две тематски јавни расправи. Исто така, одржана е и една надзорна расправа, која не е завршена поради распуштањето на Собранието. Интересно е што не е спроведена ниту една јавна дискусија и на ниту една седница не биле присутни експерти заради изнесување мислења по предлог-закон што се разгледувал на седница.

Проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ ќе се спроведува до март 2018 година, со поддршка од британската амбасада во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...