fbpx

Од ноќеска на полноќ бензините поевтини за еден и пол денар, а дизелот за половина денар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,61 отсто во однос на цените утврдени на 13 јули годинава.

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 62,00 денари за литар. Цените во малопродажба на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар и со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 53,00 денари за литар, а дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 денари за килограм и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 денари за килограм.

„Пресметките на РКЕ за периодот од 1 до 15-ти јули 2020 година на берзанските цени на нафтени деривати покажуваат дека средната дневна берзанска цена на горивото (Prem Unl 10 ppm), кое служи како основа за пресметка цените на бензините, на медитеранската берза е повисока од 390 долари по тон. Така, согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата за примена на Законот за акцизите, за време на вонредна состојба, дополнителната акциза за безоловен бензин се намалува од 3 денари на 2 денара и тоа е вградено во денешната одлука. Според тоа, има намалување за 1,50 денар за литар на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98. Дополнителните акцизи за дериватите, за гасното масло како погонско гориво и за гасното масло за греење, остануваат на исто ниво. Согласно одлуката, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари за литар“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

РКЕ соопшти дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување: кај бензинот за 0,876 отсто, кај дизелот 0,941 отсто, кај екстра лесното масло 1,314 отсто и кај мазутот за 1,47 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,531 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...