fbpx

Со растот на новозаболени од ковид-19 во Штип, Клиничкиот центар побара монтажна болница

-

Од неколку текстилни компании доаѓаат новите потврдени случаи на ковид-19 во Штип, кои според Центарот за јавно здравје денеска се над дваесет. Бројката не е целосна, бидејќи се очекуваат резултатите од земените брисеви од уште неколку лаборатории.

Две текстилни компании привремено се затворени, додека трета со над 300 вработени, делумно ги ослободи од работа работниците кои имаат симптоми. Сопственикот најави скрининг на дел од работниците, додека останатите ќе продолжат нормално да работат.

По изминатиот викенд, кој донесе нови 78 заболени и денеска интензивно се тестира во Штип. По упати на матичните лекари, во Центарот за јавно здравје се земени над 50 брисеви.

Полн е капацитeтот на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Со средна и тешка клиничка слика се лекуваат 54 пациенти. Од нив 6-7 се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Најголемиот број на пациенти се од Штип, како град со најголем број на заболени на 100.000 жители во државата, но има и од Свети Николе, Берово, Пехчево и Чешиново – Облешево. Најстариот пациент е на над 80-годишна возраст и е од Домот за стари лица од Радовиш. Во оваа институција бројот на заболени се искачи на десет, од кои седум штитеници и тројца вработени.

Инфективните пациенти, тие што не се заболени со ковид, се третираат на Кожното одделение. Директорот на Клничката боница, Ален Ѓеорѓијев смета дека болницата има доволно ресурси и ден за ден ја решава ситуацијата со пациентите.

„На дневна основа ние испишуваме дел од пациентите, кои што се негативизирале, кои се без симптоми, по што доаѓа друга група. Доколку се случи нагло да дојде голема бројка и да ги пополни нашите капацитети, ние во договорот со министерот тоа го расчистивме, доколку има потреба од здравствена заштита, ќе ги упатуваме во друга болница,“ изјави Ѓеорѓијев.  

Во септември се очекува да биде поставена монтажна болница, која се планира да биде поставена во комплексот до Детското одделение, каде има празен простор. Ѓеоргиев вели дека ќе бидат потребни мали интервенции.

„Тој простор може да се уреди со мали корекции. Треба да се зарамни, да се постави подлога, да се постават бараки, тоа се модули кои се надоградуваат и бројот на кревети се зголемува. Ние би можеле да дојдеме до капацитет од 50 кревети,“ додаде Ѓеоргијев.

Доколку се случи нагол наплив на пациенти, ќе се носат во некои од другите ковид центри, иако засега бројката е стабилна и во последните десетина дена се движи околу 50. Болниците во Кочани и Велес имаат услови доколку има потреба да бидат нов ковид центри, но тоа е одлука на Министерството за здравство.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...