Од ноќеска бензините поскапи за еден денар

Бензините поскапуваат, а цената на дизел горивото не се менува

-

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за еден денар, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто.

Новата цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 од вечерва ќе изнесува 82,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84,5 денари за литар.

Мазутот поевтинува и од ноќеска на полноќ ќе чини 41,001 денари за килограм.

Во меѓувреме, цените на дизел горивото и екстра-лесното масло за домаќинство остануваат исти. Еуродизелот чини 72,5 денари за литар, додека литар масло за горење чини 71,5 денари.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...