fbpx

Од ноќеска бензините поевтинуваат за денар и пол, дизелот поскапува за половина денар

-

На бензинските пумпи од ноќеска бензините ќе поевтинат за денар и пол за литар, додека дизелот ќе поскапи за половина денар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Цената на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денари за литар.

Од ноќеска моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе чини 110 денари за литар, а по идентична цена ќе се продава и Еуродизелот БС. Бензинот Еуросупер БС-98 ќе може да се набави за 112 денари за литар, додека екстро-лесното масло ќе има нова цена од 107 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,421 денари за килограм и сега ќе изнесува 56,738 ден/кг.

Од Регулаторна информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 4,307 отсто, кај дизелот за 0,055 отсто, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,419 отсто и кај мазутот има намалување за 1,480 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,648 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...