Истражување на критичката стратегија на отпорот – утре започнува 7. издание на културниот фестивал КРИК

Фото: КРИК - фестивал за критичка култура

Во духот на „Постојаниот отпор“ утре започнува седмото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура штоовој пат во фокусот става широк спектар на формати низ кои ќе се артикулираат темата и потребата од демократијата, солидарноста и создавањето заедници.

„Овогодинешниот КРИК 07 го насловивме „ВО ПОСТОЈАН ОТПОР“ истражувајќи ги и промислувајќи ги критичките и автономните стратегии на отпор, низ лепеза на уметнички, мисловни, разговорни, теориски формати“, велат програмските уредници на фестивалот, Искра Гешоска и Артан Садику.

За седмото издание пишува и Јулија Кристева:
„Зар не е нашата утопија главен извор на нашата сила? Нашата работа е навистина утописка и таа треба да биде таква. Она што треба да се менува не е прво овој, а потоа оној детал, туку структурата на институциите, темелите на политичките програми, опходувањето во однос на политичкото. Културните и уметничките практики, втемелени длабоко во едновремениот отпор и во создавањето на алтернативни општествени, политички текстови и јазици, директно ја проникнуваат, анализираат, аргументираат и толкуваат застрашувачката слика која денес ја живееме – еколошката смрт, ресурсната неодговорност, човековото унижување, био-политичките ентрописки слики – обидувајќи се да се обликуваат себеси како политички субјект кој може да интервенира во понатамошните текови и промени поврзани со општественото тело“.

Годинава КРИК ќе започне во месец јуни, а својата програма ќе ја продолжи и во есенските месеци.

ПРОГРАМА
  • јуни – јули
Резиденцијална програма

8-10.06.2022, КСП Центар – Јадро
18:30 – 20:30 Семнар со Нејтан Браун „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“

15.06.2022, среда, Музеј на современата уметност
18:00-20:00 Семинар со Синтија Мичел „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“


16 – 24.06.2022, Чифте Амам и Скопје
„Мапирање на занаетите во Скопје„ – Работилница со уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану

Јавна програма
21.06.2022, вторник, Чифте Амам
20:00 – 21:00 Нејтан Браун – „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, предавање

23.06. 2022, четврток, Сули Ан, атриум на Факултет за ликовни уметности
20:00 – 22:00 „Гозба или За љубовта” – концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што критичкото мислење за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото се стимулира со храна и пијалак.
  • Учествуваат: Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Милица Пекиќ, Владимир Јанковски, Петар Милат и Елизабета Шелева. Кормилар: Артан Садику. „Гозбата“ ќе биде придружена и со снимени видео матеројали на дијалози за демократијата, од Србија, Косово и Северна Македонија.
24.06.2022, петок, Даут Пашин Амам
20:00 „Сенката на Бодлер” – промоција на двотомното издание на преводот од француски на англиски на „Цвеќињата на злото“ од Шарл Бодлер, од Нејтан Браун и пропратното изднаие на анализата преведувачот, во разговор со Петар Милат. Книгата е заедничко издание на Мултимедијалниот институт од Загреб и на Контрапункт – Скопје.
30.06.2022, четврток, КСП Центар – Јадро
20:00 „Сенката на занаетите – Скопје” – инсталација со светло-сенка-звук на Билал Јилмаз од материјалите собрани преку истражувачкиот процес на мапирање на занаети заедно со Лидија Хаѕиоану.
01.07.2022, петок, Музеј на современа уметност Скопје
19:00 Презентирање на лејбели од Бугарија Amek Collective & Kontingent Records со Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов во разговор со Станимир Панајотов и Ивана Драгшиќ
21:00 Лајв сет Shentov, Simitchiev, Lukanov
Во есенските месеци програмата ќе ја пополнат: Дубравка Угрешиќ со изложба и промоција на книга, разговор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор на Шејла Камериќ во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга од Александер Гарсија Дутмман и перформанс и разговор со Феликс Фалуцк и Јохана Хершел.
КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa
уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси.
Тимот на КРИК го сочинуваат Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева и Ѓорѓе Јовановиќ.