fbpx

Од Грција во Турција вратени 65 бегалци

-

Грција врати 65 мигранти назад во Турција во изминатите два дена. Како што информираат грчките власти, од грчките острови во Турција се вратени 10 бегалци од Сирија и 55 нелегални мигранти.

Десетте бегалци, од кои осум се откажале од барањето меѓународна заштита и двајца воопшто не побаралае азил, се вратени од Лезбос на турско тло преку договорот меѓу ЕУ и Турција.

Покрај нив, грчката полиција и Фронтекс вратија во Турција 55 нелегални мигранти кои пристигнале на грчките острови по 20 март. Мигрантите се собрани од центрите на Лезбос, Хиос, Самос, Кос и на Лерос. Се работи за 20 лица од Алжир и 20 од Пакистан, пет од Мароко, четири од Авганистан, еден од Иран, тројца мигранти од Бангладеш, еден од Шри Ланка и уште еден од Палестина. Дел од мигрантите се откажале од барањата за меѓународна заштита, а на дел од нив им биле одбиени барањата за азил од првостепена и од второстепена комисија за азил.

Преку договорот меѓу ЕУ и Турција за враќање на мигрантите кои пристигнуваат на грчките острови по 20 март, досега се вратени 643 луѓе од Грција во Турција. Илјадници луѓе се заглавени во бегалските центри на островите, бидејќи процедурите за одобрување или одбивање азил и за враќање на бегалците во Турција се одвиваат многу бавно и поради обемниот број апликации за азил, но и поради, како што тврдат грчките власти, оскудниот персонал во службите за азил.

На грчките острови има 14.692 бегалци, иако капацитетот на центрите на островите е за 7.903 луѓе. До утрово на островите пристигнале 213 нови бегалци, најголем дел од нив на Самос. Грчката влада планира полека да почне да ги разместува бегалците во центри на копно за да ја намали тензијата и проблемите кои се појавуваат поради обемниот број бегалци и луѓе во бегалските центри на островите.

Според официјалните бројки, во Грција има повеќе од 60.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...