fbpx

Од денеска повторно ќе сообраќаат ноќните линии на ЈСП-Скопје

-

Ноќните линии во скопскиот јавен превоз се воведуваат од денеска, информираат од Град Скопје. Во ноќните часови ќе сообраќаат 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Притоа, автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секојдневно, додека преостанатите линии ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Сите детали за граѓаните околу возниот ред на ноќните линии се достапни на веб-страницата на ЈСП Скопје. 

„Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје“, велат од Град Скопје.

Инаку, ноќните линии на ЈСП-Скопје беа укинати на почетокот од ковид-19 пандемијата, како една од превентивните мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...