fbpx

Облачно време со магла по котлините и на планините снег

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со магла по одделни котлини.

Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од минус 8 до 10 Целзиусови степени. Во Скопје од минус 8 до 5 Целзиусови степени.

 Утринава најстудено е во Петровец кај Скопје каде во 07:30 часот се измерени минус 10 Целзиусови степени, а најтопло во Дојран каде температурата е два Целзиусови степена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИНТЕРВЈУ: Со играта „Скопје“ светот ќе ја запознае нашата бруталистичка архитектура

На радост на сите гејмери, Кристијан Трајковски, заедно со гејм дизајнерот Марко Зарев и арт директорот Симон Стојановски од студиото Dark-1 веќе четири години работат напорно на создавањето на...