fbpx

Облачно и врнежливо време

-

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во северните и во западните делови од земјава. На планинските врвови во северозападните делови, пак, ќе има врнежи од снег. Се очекува вкупното количество на наврнат воден талог да изнесува повеќе од 20 литри на еден квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 Целзиусови степени, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 14 Целзиусови степени.

Во следните денови се очекува слично облачно време со локални дождови, сè до недела, кога ќе настапи стабилизирање на временските услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.