fbpx

Новинарските здруженија повикаа на протест пред Клубот на пратениците

-

Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), како и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), ги повикуваат новинарите, утре во 11 часот, на протест пред Клуб на пратеници за заедно да го изразат незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите, на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите.

„За нас е неприфатливо да се зборува за новинарите и за медиумите, а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието. Ние, како организации, инсистираме решенијата да бидат системски и одржливи, со кои на подолг рок треба да се  обезбедат подобри услови за работа на новинарите и на медиумите“, пишува во соопштението на ЗНМ.

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, заедно со европскиот олеснувач Питер Ванхауте, деновиве разговараат за средување на сферата во медиумите, а новинарските здруженија бараа и тие да бидат вклучени во преговорите. Како што најави Ванхауте, разговорите околу оваа сфера треба да завршат в петок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...